„Граѓански буџет на општина Центар“ – граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари

Од:

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари кои се слеваат во општинските каси. Општина Центар ја изготви брошурата „Граѓански буџет на општина Центар“.

Центар е првата општина што го објавува својот буџет адаптиран за секој граѓанин. Целта на ова издание е на најтранспарентен начин на граѓаните да им се овозможи пристап до финансиските податоци на општината.

Центарот на заедницата на општина Центар, заедно со Општина Центар, ја изготвија оваа брошура со цел на своите граѓани да им ги обезбедат финансиските информации за работењето на општината за 2017 година во сите области.
Општина Центар за 2017 година предвиде приходи во износ 1.795.440.000 денари.

Расходите се еднакви со приходите.

Во буџетот за 2017 годиа предвидени се средства за реконструкција и изградба на инфраструктура, поставување на нова лед технологија за осветлување, поставување на енергетски ефикасни фасади на зградите во општината, доградба на училници во ООУ „Гоце Делчев”, продолжување на изградбата на најсовременото основно училиште во Капиштец, субвенции за велосипеди „Цел Центар на точак”, реконструкција на детски градинки, промена на фасадната столарија и термоизаолација на две основни училишта.

Општина Центар, со кофинансирање од Фондацијата Отворено Општество Македонија, оваа година ќе ја обнови фасадната столарија во детската градинка „Раде Јовчевски – Корчагин”, во објектот „Пинокио” и поставува лифт за храна во детската градинка „Кочо Рацин”, во објектот „Наум Наумовски – Борче”. Овие два проекти се во вкупен износ од 2.200.000 денари, а беа избрани како приоритетни за 2017 година од страна на граѓаните на Граѓанскиот Форум на општина Центар.

Линк од електронска верзија на буџет: http://cccentar.mk/graganski-budhet-na-opshtina-tsentar/

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски