Граѓанската организација „Една Може“ со оценка за продолжувањето на породилното отсуство

Од:

Граѓанската организација за еднородителски семејства „Една Може“ смета дека со предлогот за продолжено породилно отсуство се отвора можноста за зголемување на ограничувањата на понуди за работни места за жените и поттикнување на неактивноста на жената на пазарот на трудот.

– Со тоа и предизвикување кариерна стагнација на жените што од своја страна ќе има влијание врз продлабочувањето на родовиот јаз во платите кој во Македонија и онака е висок и на крај дополнително ќе ги исклучи татковците од можноста да развиваат подеднакво родителски вештини и одговорности заедно со мајката од првиот ден на раѓањето на нивното дете/деца. Сето тоа ќе ги стави во понеповолна позиција мајките или идните мајки кои се одлучиле да донесат нов живот самостојно, без партнер, се наведува во соопштението од оваа организација.

Оттаму предлагаат да се поттикнат татковците за заедничките обврски и одговорно родителство, отворање центри за развивање родителски вештини за двајцата родители, како и воведување заедничко користење на родителско отсуство на двајцата родители.

Граѓанската организација предлага и зајакнување на капацитетите на предшколските установи во насока на отворање поголем број градинки, зголемување на кадарот во тие градинки и формирање помали групи деца, подобрување на условите и услугите на згрижување, како и предност при запишување на децата од еднородителски семејства и социјално ранливи категории семејства.

Се предлагаат и мерки за заштита пред и по бременоста на жените кои не се во работен однос и не остваруваат право за платено породилно отсуство, мерки за заштита на жените за време на бременоста на она работно место за кое е докажано дека е штетно за здравјето на бремени жени, како и строго придржување до законските одредби и санкционирање на оние кои го прекинуваат работниот однос на жената за време на бременоста или по периодот на враќање од бременост.

Би можело да ве интересира

Апсења за измама во Прилеп: Осомничените фиктивно вработувале бремени жени и переле пари

Орце Костов

Мајчинско отсуство од пет и родителско од четири месеци предвидува новиот Предлог закон за работни односи

Орце Костов

Предлогот за продолжено породилно отсуство до 12 месеци ќе биде на јавна дебата во јуни

Катерина Ѓуровски

Заев вети: Владата ќе ги разгледа барањата на мајките кои користеа породилно отсуство

Ана Ололовска

Шахпаска и Филипче на средба со родителите: Градинките имаат капацитет за безбедна и целосна грижа за децата

А1он

Здружението „Една може“: Да се реши проблемот на самохраните родители кои мора да одат на работа, а нема кој да им ги чува децата

Ана Ололовска