Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Од:

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата поднесе барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите каде секој ќе има пристап.

Како што појасни претставникот од иницијативата Умер Мухамеди, барањето е да има веб страна на која секој ќе може да го напише името на субјектот на локалот, каде ќе биде објавена целата документација од инспекциските надзори.

– Нашето прво барање кое што денеска го поднесуваме е спроведување на електронски систем за внесување на записниците на инспекциските надзори, а тоа е е-инспекторат. Како го замисливме ние е-инспекторат да функционира е тоа да биде страна, каде што секој од нас ќе може да го напише името на субјектот на локалот, каде што планира да пие кафе, да се забавува и така натаму, со што таму на таа страна ќе се објави цела документација, сите инспекциски надзори дали се позитивни или негативни за тој субјект, рече Мемеди.

Доколку го нема името на субјектот којшто ќе биде напишан, Мемеди појаснува дека тоа ќе значи дека истиот врши дејност која што ја нема регистрирано во соодветните регистри.

– Во случај да напишете, на пример, името на субјектот да не ви излезе ништо за тој субјект, тоа значи дека истиот врши дејност која што ја нема регистрирано во соодветните регистри, за жал, имаме голем број такви, вели Мемеди.

Целта на ова, додаде, посетителите на локалите да знаат дали се безбедни и да се спречат поголеми трагедии. Во однос на другите барања кои граѓанската иницијатива ќе ги поднесе, Мемеди истакна дека ќе бидат поднесени барања до Министерството за правда и до Собрание кои се однесуваат на реформи во правосудниот систем.

– Целта на е-инспекторатот е сите ние да знаеме во местата што ги посетуваме, дали сме безбедни или не сме безбедни, за во иднина да спречиме поголема трагедија. Во однос на другите барања, поднесуваме барања до Министерството за правда и до Собрание за реформи во правосудниот систем. Таму ќе го издвојам, на пример, нашето барање за промена на начинот за полагање на правосудниот испит. За сите кои не знаат, Министерството за правда формира комисија за полагање на правосудниот испит. Ние бараме тоа да се смени, бидејќи сметаме дека имаме конфликт на интереси, рече Мемеди.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата