Граѓанска платформа: Pолитичка волја и силни институции за борба против корупцијата

Од:

Силна политичка волја, градење ефикасни и транспарентни институции и нивна финансиска независност, јакнење на административните капацитети, но и силно граѓанско општество кое ќе ги следи состојбите и ќе биде подготвено да реагира, се препораки на Платформата на граѓански организации за сеопфатна борба против корупцијата.

Според Дона Димов преставник на Платформата, потребно е да се зајакнат капацитетите на Државната комисија за спречување на корупција, транспарентен избор на членови и претседател, мерки за следење на имотната состојба на избраните и именувани функционери, со историски приказ, но и соработка на Комисијата со граѓанскиот сектор.

Ана Велева Јаневска, смета дека ДКСК мора да се фокусира на средната и високата корупција и да работи со јавното обвинителство во нивно намалување.

– Исто така таа треба да постапува брзо, а не да бидат оставени непроцесуирани случаи на висока корупција, како сите оние што ги презеде СЈО , а се случувале изминатите 10 години, рече Велева Јаневска.

Потребни се транспарентни иинституции, општините, министерствата, Владата, а Собранието треба ефикасно да ја врши услогата на надзорен механизам врз извршната власт, а судството треба да биде транспарентно и професионално, со цел сите покренати случаи за сомневање за корупција кои ќе бидат покренати да бидат завршени.

Исто така, како што беше речено на денешната презентација на анализата на борбата против корупцијата, потребна е и поголема вклученост на граѓанскиот сектор во подотовка и мониторинг на стратешки документи од оваа сфера.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи