Граѓанска иницијатива „5 до 12“: Лицата со посебни потреби да бидат приоритет

Од:

Лицата со посебни потреби да бидат приоритет во програмата на Владата и во работата на Собранието, да бидат приоритет при креирањето на буџетот на Република Македонија и буџетите на општините, граѓанскиот сектор да биде вклучен во креирањето на политиките кои се однесуваат на овие лица, во изнаоѓањето решенија за подобрување на нивниот живот и во имплементацијата и супервизијата на проектите.

Ова се барањата на граѓанската иницијатива „5 до 12“ кои денеска на прес-конференција во паркот „Жена борец“ каде кампуваат ги изложи нивниот претставник Сузана Стојановска.

– Кампуваме веќе четврти пат, тоа значи четири месеци – 60 дена во претходната власт, 60 дена во оваа власт. Немаме ништо конкретно. Имавме работни средби, договори со сите министри, меѓутоа ништо конкретно не се случува. Има позитивна клима, се договораат некои работи, но ние немаме време за чекање. Сакаме нешто конкретно. Бараме состаноци, средби со најодговорните односно со премиерот. Го повикувам да најде време 10 минити разговор да му објасниме што сакаме, рече Стојановска.

Посочи дека секој граѓанин може своеволно и доброволно да ја даде поддршката на граѓанската инцијатива „5 до 12“ во покренување на локални и национални иницијативи во Собранието, со потпишување изјава за поддршка.

– Ги повикуваме граѓаните да дојдат да ја потпишат оваа изјава за поддршка. Со сто вакви изјави може да се иницира менување на еден закон. Треба да промениме многу закони, додаде Стојановска.

Би можело да ве интересира

„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со Марко Пејчиновски и Ергин Борова, кои со своите подвизи ја подигаат свеста за лицата со попреченост

Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо, продолжуваме според принципот „ништо за нив – без нив“

Ана Ололовска

Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Ана Ололовска

Иницијативата „5 до 12“ и школата Про баскет јуниор организираат Отворен ден за кошарка во Пештани

Жарко Настоски

Иницијативата „5 до 12“ бара од ЕУ да посредува во унапредување на правата на лицата со посебни потреби

Ана Ололовска