Граѓаните во итна акција против седумкатница врз „Тинекс“ кај школото „Дуња“, градоначалникот вели зграда мора да има

Од:

Жителите на Кисела Вода повикуваат на итна акција за да се спречи објектот на “Тинекс“ кај школото „Невена Георгиева – Дуња“ да стане седумкатница како што предлага Општината со измена на планот за градската четврт Ј12. Веќе неколку дена потпишуваат петиции, една онлајн и уште една физички, а нивниот став е дека не смее да се дозволи на простор колку за една бавча да никне седумкатница и тоа во делот од општината кој е преизграден, пренаселен и презагаден.

„Овој дел од Кисела Вода е веќе пренаселен и една ваква зграда на сите наоколу ќе ни го направи животот неподнослив! Кубуриме за паркинг место, воздухот е отруен, а ќе го оптерети и училиштето ’Невена Георгиева – Дуња’, до кое идната грдосија ќе биде безмалку залепена. Фатете ги советниците и потсетете ги за што биле гласани за избори! Мора да се спротивставиме! Сите во акција и да ја пресретнеме урбанистичката мафија на време!“, повикуваат граѓаните преку онлајн петицијата.

Нагласуваат дека особено е важно сите да пополнат анкетни листови кои мора лично да се однесат во архивата на Општината.

„Кубуриме за паркинг место, воздухот е отруен, а ќе го оптерети и училиштето ’Невена Георгиева – Дуња’, до кое идната грдосија ќе биде безмалку залепена“, сметаат граѓаните

Потписите и од онлајн петицијата и од онаа што физички се подготвува, ќе бидат доставени до Советот и до градоначалникот Филип Темелковски.

Измените на планот се на барање на „Тинекс“ како сопственик на земјиштето, а се предлага и од деловен објект, како што е во актуелниот план, зградата да добие комбинирана намена односно деловен простор и домување

Градоначалникот Темелковски, пак, во изјава за „А1он“ вели дека на локацијата на сегашниот „Тинекс“ мора да предвидат зграда оти зграда е предвидена и со актуелниот план. Измените се на барање на „Тинекс“ како сопственик на земјиштето. Освен седумкатницата, нема ниту една друга измена во планот за оваа градска четврт.

„Зградата не може целосно да се избрише, како што бараат жителите. И во актуелниот план тука има зграда, но на 3-4 ката. Со измените сега, на барање на сопственикот, предлагаме седумкатница, но истовремено се менува и намената. Од деловен објект, како што е во актуелниот план, предлогот е да добие комбинирана намена односно деловен простор и домување. Ги чекаме реакциите и мислењето на граѓаните по овој предлог. Пред да се донесе одлуката очекуваме планот уште еднаш да оди на јавна анкета оти мислењето на граѓаните е битно за нас и сите забелешки ќе ги земеме предвид“, рече градоначалникот Темелковски.

Јавната расправа за измените на планот е закажана за в петок во 09.30 часот во сала 7 во Општината.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода