Граѓаните при влез во Македонија ќе мораат да приложат PCR тест доколку не сакаат да бидат спроведени во државен карантин

Од:

Од МВР информираат дека граѓаните при влез во земјава (како и на странци, но само со регулиран престој во државава) задолжително е на граничниот премин да приложат веќе направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен.

Оние пак наши граѓани или странци, коишто при влез на македонската територија нема да приложат валиден PCR тест или ќе приложат невалиден PCR тест, од граничниот премин со превоз организиран од Владата или со сопствен превоз, со придружба од страна на припадници на МВР ќе бидат спроведени во државен карантин.

Во текот на денот ќе биде организиран превоз од граничниот премин до државен карантин во два наврати и тоа во 10.00 часот и во 20.00 часот.

Граѓаните ќе останат во државен карантин 14 дена.

Исто така, доколку граѓаните сакат да им се направи PCR тест, на нивно барање им се овозможува од страна на овластена институција во најкраток рок да им се направи PCR тест.

Оние граѓани на кои направениот PCR тест е негативен, потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од
14 дена“ каде се засметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат карантинот и заминуват во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава.

Доколку граѓаните не сакат да им се направи PCR тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Можно е пак да се воведат мерки на границите

А1он

Четворица анестезиолози се јавиле да ги менуваат колегите кои си дале отказ од „8 Септември“

Маја Илиевска-Пачемска

Филипче: Кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во просек, 13 отсто од тестираните за Ковид-19 се позитивни, неделно се прават 8.000 тестови

Искра Манојлоска

ВИДЕО: Најмногу од заразените и починатите во минатите две недели се лица над 60 години

Искра Манојлоска

Во Дебар еден новозразен, 20-ти случај во изминатата недела

Ана Ололовска