Граѓаните помалку се жалат на он-лајн купувањето поради сложените процедури

Од:

Граѓаните може да добијат и петнаесеткратна отштета ако не им стигне прoизводот што го купиле он-лајн, но таквиот случај ретко го пријавуваат зашто процедурите за поплаки се долготрајни и комплицирани, рече денеска директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски.

Тој воедно апелира да се купува на интернет само од сертифицирани продавачи и притоа особено да се води сметка дали поштенскиот оператор што треба да ја достави пратката е лиценциран.

– Бројот на претставки е мал не зашто нема проблеми или зашто услугата е квалитетна, туку зашто процедурите се бавни, застарени и комплицирани. Ако интернет пратката не ја добиете, прво се обраќате до доставувачот (поштенскиот оператор), кој има рок од 30 дена да одговори што е многу долго време, и тоа ќе бараме да се скрати со законските измени. Во случај да не сте задоволни од одговорот, Агенцијата за пошти е второстепеното тело што ја утврдува одговорноста на поштенскиот оператор и носи решенија за надомест на штета, објасни директорот.

Би можело да ве интересира

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

Орце Костов

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов

Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава покажа анализа од Агенција за пошти

Предраг Петровиќ