А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка, проверка ќе прават на веб-страницата kupuvamdomasno.gov.mk

by А1он03/06/2020 - 14:5503/06/2020 - 15:203309
Share0

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Во соопштението од Владата наведуваат дека соодветните институции (УЈП, МОН, ФЗО) изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, кои ги исполнуваат условите за да добијат домашна платежна картичка.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Корисниците ќе ја добијат домашната платежна картичка на домашна адреса или ќе можат да ја подигнат од банката издавач, без да аплицираат. Наскоро, на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач, појаснуваат од Владата.

Корисниците, како што додаваат, ќе бидат исконтактирани од банките. Целиот процес е направен да биде максимално едноставен за корисниците, без пријавување или аплицирање, туку институциите да ја завршат целата постапка за нив.

Корисници на домашни картички се: граѓани со низок доход – приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22.05.2020, кои оствариле нето доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари во период од јануари до април 2020 година, согласно евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат картичка со 9.000 денари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вработени со низок доход – лица кои се во работен однос и кои за периодот од јануари до април 2020 година, оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Овие корисници ќе добијат картичка со 3.000 денари.

Млади лица, односно лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години (заклучно 22.05.2020) година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование. Тие ќе добијат картичка со 3.000 денари.

Здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19 кои опфаќа ваботени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување граѓани заболени од Ковид-19. Овие здравствени работници ќе добијат картичка со износ од 40 отсто од основната нето-плата.

vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео