Граѓаните на Крива Паланка ќе одбираат приоритетни проекти

Од:

„Избери го твојот приоритет- заедно ја градиме иднината“ е насловот на мерката која општина Крива Паланка ја воведе на својата интернет-страницата во насока на зголемување на транспарентноста и учеството на граѓаните во донесувањето на одлуките на локално ниво.

– Воведена е анкета, поставена на официјалната веб-страница на општината, www.krivapalanka.gov.mk, каде граѓаните можат да гласаат за приоритетните проекти кои сметаат дека треба да бидат реализирани: улици за изградба и асфалтирање, регионален патен правец, систем за водоснабдување, јавно осветлување, канализациски систем, регулација на водотек, детски забавни паркови и игралишта. Резултатите од анкетата ќе бидат користени за дефинирање на приоритетите на општината за следната, 2018 година, соопшти службата за информирање на општина Крива Паланка.

Дополнително достапна е и рубриката „Прашај го градоначалникот“. Граѓаните можат на официјалниот меил на градоначалникот Борјанчо Мицевски, [email protected], да постават прашања кои ги засегаат, да дадат предлози и сугестии, заштедувајќи време, кое би било потребно за закажување прием и посета во општинскиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка