Граѓаните на Ѓорче Петров денеска на нови протести

Од:

Жителите на Ѓорче Петров за денеска во 18 часот најавија нови протести поради вчерашниот инцидент, во кој автомобил удри 10-годишно дете. Според информациите, момчето имало внатрешно крвавење, напукнат череп, тежок потрес на мозок и исчашување на едното рамо.

Очевидци за „А1он“ изјавија дека во возилото имало маж и жена, кои веднаш по ударот, момчето го однеле на Ургентниот центар.

Непосредно по несреќата, стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Тие велат дека повеќепати барале да бидат поставени светлосна сигнализација и легнати полицајци, но наишле на отпор од надлежните. Жителите се заканија дека ако се случи уште еден ваков инцидент, ќе го запалат цело Ѓорче.

Очевидци за „А1он“ рекоа дека момчето ја минувало улицата на пешачки премин, а возилото се движело во споритвна насока, за да ги избегне дупките на патот.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа