Граѓаните ќе може да се исклучат од системот за парно, ако докажат дека ќе се греат поефикасно

Од:

Секој граѓанин приклучен на парно греење ќе има можност да се исклучи само доколку системот што ќе го користи во иднина е енергетски ефикасен.

Ова ќе биде дел од Предлог-законот за енергетска ефикасност што денеска како амандман беше прифатен на собраниската Комисија за европски прашања.

Амандманот го поднесе претседателот на Комисијата Артан Груби, а беше прифатен од министерот за економија Крешник Бектеши.

Граѓанинот ќе треба да обезбеди писмена согласност за исклучување од системот за централно греење или ладење од мнозинството од вкупниот број сопственици на посебни делови на зградата согласно Законот за домување.

Во насока на обезбедување на чист воздух, а истовремено примена на мерки за енергетска ефикасност во иднина нема да има нерационални исклучувања од системот за топлинска енергија, велат од Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов