Граѓаните избираат лого на Државна кардиохирургија

Од:

По објавениот конкурс за избор на идејно ликовно и графичко решение за лого на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, на кој се пристигнати четири идејни решенија, Министерството за здравство овозможува пошироката јавност да го избере најдоброто идејно решение за лого на таа здравствена установа.

За таа цел, креирана е online-анкета на веб страната на Министерството за здравство, на линкот http://zdravstvo.gov.mk/izbor-na-logo/.

Анкетата, соопшти Министерството за здравство, ќе биде отворена за гласање до 11 мај, а потоа врз основа на резултатите од гласањето ќе биде извршен избор на логото на Клиниката за државна кардиохирургија. На овој начин, Министерството за здравство, наведуваат оттаму, овозможува преку отворена и транспарентна постапка, граѓаните да го изразат своето мислење и да придонесат за избор на логото.

Клиниката за државна кардиохирургија е витален проект за македонскиот здравствен систем. Од Министерството ги повикуваат граѓаните со својот глас на анкетата да придонесат кон избор на најдоброто идејно решение за лого на клиниката.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем