Граѓаните до Грчева: Солза, вклучи карактер, а не алчност

Од:

Солза Грчева повторно го активираше својот фејсбук профил за да ја соопшти веста дека ја повлекла дадената оставка на местото пратеник во Собранието на РМ.

Солза Грчева вели дека била во заблуда за тоа дека СДСМ е демократска партија. Таа е третиот пратеник од опозициските редови покрај Роза Топузова – Кареска и Љубица Буралиева, која одлучи да не го почитува партискиот став и дадениот глас на вонредните парламентарни избори не лично за неа, туку за опозициската коалиција.

Граѓаните и нејзините поранешни сопартијци жестоко реагираат и го осудуваат овој нејзин потег:

komentariSolzakomentariSolza12

– Солза, ова е срам со кој ќе треба да живеете цел живот.

– Засрамете се! Кого ќе застапувате во Парламентот, освен самата себе. Срамота е да потпаднете под власта.

– Солза, срамно е што го изневери гласот даден од народот и сега можеш само да им се приклучиш на ВМРО – ДПМНЕ

– Професорке за жал, многу Ви верував. Сега сум разочаран и затоа ќе Ве испратиме во историјата.

– Кажете ми со што се намачивте да станете пратеник? Срам да ти е, твојото дете е во Љубљана, ама нашите се во Македонија и ќе го трпат режимот.

– Алчноста те натера да станеш предавник.

– Колку ли СОЛЗИ пролеав пред тебе и колку ѓаволски ти верував? Ова е јавно бламирање за тебе.

– Драга Солзичке, што ти и “Топузот“ ќе допринесете како единки или двојки во Собранието. Не можете да не замајувате, се гледа дека крокодилската “СОЛЗА“ е лажна, бидејќи само банки и евра те интересираат. Искрено те жалам.

– Солза Грчева оставете интелегенција – вклучете карактер.

– Солза, врати го мандатот затоа што го доби благодарение на нашите гласови. Не те гласавме да седиш во Собрание и да го легитимираш режимот.

Еве што напиша Солза Грчева на својот фејсбук профил:

За сите оние кои тргнаа со тешки лаги и конструкции, од типот еве поминала покрај фонтаната на Аце (на Грујо), значи е советник на Грујо, нека ја прочитаат кусата приказна “Кандидирање за гувернер“ од Марк Твен

Накусо, еден чесен и умен човек се советува со својата макја и со пријателите дали да се кандидира за место гувернер. Тие сите му велат, па кој ако не ти?! Храбар си, чесен, ….

За потоа новините да го направат крадец, дека мрази црнци, дека дури и силувал некоја жена во блискиот округ, итн., итн.

За мене, добро е што има запис за сите лаги изречени за мене. Додека јас мрзнев по Отпори и ринтав, тие си калапеа пари. Па ќе видиме кој им даде право за вакви фабрикувања.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски