Граѓаните да ја искосат сувата трева за да се спречат пожари

Од:

Општина Кисела Вода апелира до сопствениците на неизградено градежно земјиште, кое па пат на денационализација им е вратено, а е со видливо нарасната тревна вегетација, да го уредат, да ги искосат нараснатите тревни површини, се со цел да се спречат несакани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за околината.

– Имајќи ги предвид најавените високи температури кои ќе следуваат и потсетувајќи се на минатогодишните пожари на ваквите парцели, општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и укажува дека одговорноста за имотот кој е во приватна сопственост е на самиот сопственик. Воедно, упатуваме повик и до сите останати жители и сопственици на приватен имот, каде што општината нема ингеренции да интервенира, за совесно однесување, одржување на својот двор и плац и превентивно делување во насока на заштита од пожари, наведуваат во соопштението од Општина Кисела Вода.

Со цел да се намали ризик од пожар на отворен простор, апелираат и за внимателно однесување во рекреативните центри на отворено.

Општина Кисела Вода, како што наведуваат, ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површни во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина законска надлежност.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ