Граѓани: СТОП за изградба на катната гаража кај Автомакедонија

Од:

Жителите во зградите околу Автомакедонија во Центар се револтирани од упорноста, како што велат, на власта да изгради катна гаража кај Автомакедонија.

Решителни се дека тука нема потреба од катна гаража, бидејќи има на неколку метри оддалеченост.

Бараат зеленило, а не гаражи на секој чекор. Претходното раководство на општина Центар го продаде земјиштето на Никофон, за изградба на катна гаража.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, упати барање до општина Центар да ги отстрани рампата и оградните столбови, за да може Никофон да започне со градење.

Еве што стои на летоците кои ги делат жителите.

Почитувани сограѓани и комшии, НИКОФОН и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски интензивно продолжуваат со уништување на паркингот Автомакедонија, иако има судски постапки и големи противеења од страна на жителите. Миле Јанакиевски продолжува со притисокот за да се изгради катната гаража.

Мораме да го спречиме уништувањето на паркингот Автомакедонија!!!

Стоп за изградбата на катната гаража на Никофон!!!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар