Граѓани до Груевски: За да ја засадиме нашата иднина треба да ја преживееме сегашноста

Од:

Граѓанските иницијативи „Ќе дишеме или Ќе издишеме“, „Сакаме да дишеме-Аеродром„ и „Ние сме Карпош 4“ порачуваат дека е време за решавање, на како што велат, веселата математика на премиерот и институциите кои се должни да се справат со загадувањето на воздухот.

„Бидејќи тие се љубители на бројки, посебно на операцијата додавање ние сакаме да ги потсетиме на неколку минусирања . Одземете осум години маркетиншки „Ден на дрвото“, одземете ги милионите евра потрошени за ваша себепромоција ,одземете ги парите кои ги земавте од ЕУ фондовите за справување со загадувањето, одземете ги исечените дрвја во градските средини и на сето тоа додадете околу 870 000 случаи на лица со респираторен проблем во 2014та година.

Од тие 870 000 случаи одземете ги 282 660 случаи на деца до 6 години.

nikola gruevski i zagaduvanjeto

Промовирате работни места, а не кажувате колку работни места се губат поради хроничен бронхитис, астма или прием во болница. Промовирате наталитет а не кажувате дека повеќе од 1350 смртни случаи се припишуваат годишно во Македонија како последица од загадувањето со ситни честички.

Промовирате здравство и отварање болници а сеуште не го пуштивте во употреба Институтот по белодробни заболувања кај децата во Козле (иако требаше да биде пуштен во 2014 година). Промовирате садење на дрвја а неодамна имавте масовно сечење.За да ја засадиме нашата иднина треба да ја преживееме сегашноста .

И за крај еден Ден на дрвото, а секој ден на бетонот“, пишуваат граѓанските иницијативи.

Би можело да ве интересира

Во акцијата „Ден на дрвото“ повеќепати биле пошумувани исти површини

Ана Ололовска

Во Штип реализирана акцијата „Садница плус“

Наум Локоски

Десет години „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Наум Локоски

Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Ана Ололовска

Дипломатскиот кор дел од акцијата „Ден на дрвото“

Ана Ололовска

Денот на дрвото ќе се одработува наредната година

Емир Латифовиќ