Граѓани: Дали општина Центар собира арач за некои нови Прометеи и шмизли?

Од:

1.200 денари ќе платите доколку се осмелите и застанете со возилото на имотот на општина Центар. Револтирани граѓани се јавија во редакцијата на А1он, укажувајќи дека  на нивните возила биле залепени казни и уплатници за казни, затоа што се дрзнале и го оставиле возилото на места кои се сопственост на општината.

Притоа укажуваат дека се задржувале , некои по 30 минути, некој по еден или два часа. На местото немало ознака каде по телефон преку СМС порака да си платат за паркирање, ниту имале определено место каде можат по паркирањето да платат за  времето за кое им било паркирано возилото.

Едноставно општина Центар, на нивните возила оставила „честитка“ да си уплатат во банка по 1.200 денари.

Еден од граѓаните, дошол за да запали свеќа во Соборниот храм, и се задржал 25 минути, и тоа го чини 20 евра.

Укажуваат дека паркинг-картата кај Холидеј ин, за еден месец е 1.500 денари, а ЈП Паркинзи на општина Центар, бидејќи сама утврдила дека сте и го „окупирале“паркингот цел ден, иако и сами на казната пишуваат дека е еден час, бара од вас 1.200 денари.

Граѓаните прашуваат дали собирањето арач од нив е за некои нови споменици кои треба да ги плати општина Центар.

Бараат објаснување како може наместо за час паркинг, општината да им лепи налози да плаќаат дневни паркинг карти.

Би можело да ве интересира

Делови од Центар и повеќе скопски села утре без струја

А1он

Општински инспектори почнаа да мерат бучава во Центар, на два објекта им наложија да се стишат

Жарко Настоски

Центар ќе казнува локали за гласна музика, се бунеле жителите

Жарко Настоски

Центар раскина договор за катна гаража на „Климент Охридски“, просторот ќе биде парк

Маја Илиевска-Пачемска

Општина Центар по 12 години сама ќе одлучува за летните тераси, Градот ѝ ги предаде надлежностите

Жарко Настоски

На „Ленинова“ и „Максим Горки“ веќе нема паркирање со пораки, на тие места ќе паркираат жителите

Жарко Настоски

1 comment

Aleks 03/12/2012 - 22:10 at 22:10

Токму така, и на мене пред 2 дена ми ставија блокатор на тркалото, иако не бев паркиран на нивните означени зони каде што се наплатува.

И секако, цел на дознака на сметката беше “Немање билет”, значи билет за место каде не се наплатува.

Reply

Leave a Comment

fourteen − three =