Граѓани: Дали општина Центар собира арач за некои нови Прометеи и шмизли?

Од:

1.200 денари ќе платите доколку се осмелите и застанете со возилото на имотот на општина Центар. Револтирани граѓани се јавија во редакцијата на А1он, укажувајќи дека  на нивните возила биле залепени казни и уплатници за казни, затоа што се дрзнале и го оставиле возилото на места кои се сопственост на општината.

Притоа укажуваат дека се задржувале , некои по 30 минути, некој по еден или два часа. На местото немало ознака каде по телефон преку СМС порака да си платат за паркирање, ниту имале определено место каде можат по паркирањето да платат за  времето за кое им било паркирано возилото.

Едноставно општина Центар, на нивните возила оставила „честитка“ да си уплатат во банка по 1.200 денари.

Еден од граѓаните, дошол за да запали свеќа во Соборниот храм, и се задржал 25 минути, и тоа го чини 20 евра.

Укажуваат дека паркинг-картата кај Холидеј ин, за еден месец е 1.500 денари, а ЈП Паркинзи на општина Центар, бидејќи сама утврдила дека сте и го „окупирале“паркингот цел ден, иако и сами на казната пишуваат дека е еден час, бара од вас 1.200 денари.

Граѓаните прашуваат дали собирањето арач од нив е за некои нови споменици кои треба да ги плати општина Центар.

Бараат објаснување како може наместо за час паркинг, општината да им лепи налози да плаќаат дневни паркинг карти.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски