Градот Скопје ќе субвенционира до 3.000 денари за купување велосипед

Од:

Субвенцијата од Градот Скопје за купување велосипед годинава ќе изнесува максимални 3.000 денари. Ваква одлука денеска донеsе Советот на Градот.

Во буџетот на Град Скопје за 2018 година за оваа намена има предвидено 10 милиони денари. Сумата е идентична со минатогодишната, но субвенцијата годинава е пониска со цел да се дадат субвенции на поголем број граѓани.

Целта на мерката е стимулирање на граѓаните за помасовно користење на велосипедот како превозно средство.

Минатата година Град Скопје првпат додели субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Согласно условите, минатата година беа субвенционирани средства во висина од 50 отсто од цената на велосипедот, но не над 4.000 денари по лице. Интересот за јавниот повик беше голем, сите средства беа искористени и беа доделени субвенции на повеќе од 2.600 граѓани.

Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Град Скопје кои треба да достават барање за надомест, доказ за жителство во Град Скопје, копија на важечка лична карта на барателот, копија од трансакциска сметка на барателот и доказ дека е извршено купување на нов велосипед и тоа со копија од фискална сметка или фактура и извод од деловна банка со датум од денот на објавување на повикот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он