Градоначалникот Жерновски на средба со директорките на основните училишта во Центар

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски оствари средба со директорите на седумте основни училишта на територија на општина Центар.

На средбата беше дискутирано за тековните проблеми и активности непосредно пред почетокот на новата учебна година.

На дневен ред се најдоа состојбите со кујните во училиштата, училниците и другиот училишен простор, фискултурните и другите сали и плановите за екскурзии и настава во природа.

На состанокот беше договорено секое училиште писмено да ја информира општината за тековните активности и проблемите со кои се соочуваат.

Исто така тема беше и издавањето на училишниот простор и транспарентноста со која што училиштата ќе мораат да работат.

Подготовките за почетокот на новата учебна година на училиштата на територијата на општина Центар се одвиваат според планираното.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар