Градоначалникот Заев упати честитка до Амбасадорот на Хрватска по повод Денот на државноста

Од:

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по повод 25 јуни – Денот на државноста на Република Хрватска упати честитка до амбасадорот во  Македонија, д-р Златко Крамариќ, со желба за мир, благосостојба и просперитет на земјата.

„Убеден сум дека соработката помеѓу нашите две пријателски земји ќе продолжи и во наредниот период и дека воспоставените релации на сите можни полиња ќе се продлабочуваат и надградуваат. Во исто време, се надевам на интензивирање на соработката помеѓу Амбасадата на Република Хрватска и општина Струмица, на взаемно задоволство“, стои во честитката на градоначалникот Заев.

Денот на државноста на Хрватска, градоначалникот Зоран Заев, му го честиташе и на Иван Вркиќ градоначалник на Осијек, со кој општина Струмица има воспоставено соработка.

„Искрено се надевам, дека добрата соработка помеѓу Осијек и Струмица, на взаемно задоволство, ќе ја негуваме и продлабочуваме и во наредниот период, а за доброто на граѓаните од нашите две општини“ стои во честитката на градоначалникот Заев до градоначалникот Вркиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Топ разнесе човек пред многу сведоци во Хрватска

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“