Градоначалникот Трајановски побарал од министерот Адеми да се продолжи учебната година заради бојкотот

Од:

Минатата недела градоначалникот Коце Трајановски од министерот за обрзование и наука, Адеми побарал продолжување на учебната година во неколку гимназии заради бојкотот на наставата на средношколците.

Трајановски ова го прави на барање на директорите кои тврдат дека поради бојкотот се изгубени многу наставни часови кои можат да се надокнадат само со продолжување на наставата.

pismo koce

„Во изминатите две недели во дел од средните училишта на Град Скопје, учениците ја бојкотираа наставата.На тој начин беа изгубени многу наставни часови. За првите три дена од бојкотот, според решенијата кои ги добивме од ДПИ изготвивме планови за надоместувања на тие денови. Но, бидејќи бојкотот продолжи и во наредните денови, започнувајќи од 9-ти април 2015 година,немаме подготвено планови, а со оглед на постоечките работни денови до крајот на наставната година, нема ни доволно време за планирање на нивно одработување. Затоа како надлежен за средните училишта на Град Скопје, ви се обраќаме со барање да ни помогнете наставната година да се продолжи и сите изгубени денови на овој начин да се одработат. Исто така во името на активот на директори на средните училишта на Град Скопје , бараме да бидеме вклучени во работни групи за изготвување и донесување на измени на Законот за средно образование“, стои во писмото на директорите од средните училишта “Здравко Цветковски”, “Никола Карев”, “Георги Димитров”, “Орце Николов”, “Јосип Броз Тито” и “Раде Јовчевски Корчагин”.

Градоначалникот, ова барање го проследил до министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми.Во барањето Трајановски го образложува предлогот на директорите и бара согласност од министерот за продолжување на наставната година.

pismo direktori

„Врз основа на член 25 од Законот за средно образование,ви се обраќам со барање за согласност за продолжување на наставната година по 10 јуни односно 20 мај 2015 година за завршните години во неколку средни училишта на Градот Скопје каде деновиве се случува повеќедневен прекин на наставата поради бојкотот на учениците. Имено директорите на училиштата во кои се бојкотира наставата од страна на учениците бараат можност за исполнување на обврските утврдени во член 24 во гореспоменатиот закон преку продолжување на наствната година за онолку денови за колку трае прекинот на наставта во нивните училишта“, пишува градоначалникот Трајановски во барањето упатено до министерот Адеми.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен