Градоначалникот Темелковски се сретна со експертскиот тим кој го изработи катастарот на загадувачи за Кисела Вода

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со Магдалена Трајковска Трпевска, директор на „Технолаб“ ДОО Скопје, фирма која го изработи катастарот на загадувачи за Кисела Вода.

На состанокот претставниците од „Технолаб“ го информираа градоначалникот за изработениот катастар на загадувачи кој за општината е од големо значење.

Градоначалникот Темелковски се интересираше за добиените резултати од катастарот, се со цел за превенција и намалување на загадувањето во Кисела Вода.

Имено, неодамна согласно Законот за животна средина локалната самоуправа во соработка со „Технолаб“ ДОО Скопје изготви катастар на загадувачи за интерна потреба. Истиот содржи податоци за деловните субјекти кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на територијата на општината.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он