Градоначалникот Темелковски оствари работна средба со Крис Хеншоу од НДИ

Од:

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, оствари средба со Крис Хеншоу, директор на Националниот демократски институт (НДИ) и Александра Цветковска, виша менаџерка на програма во НДИ.

На состанокот присуствуваше и советничката од оваа Општина, Јасна Саздовска.

Од страна на градоначалникот Темелковски, беа презентирани потенцијалите на Кисела Вода како локална самоуправа и приоритетните проекти кои треба да им овозможат подобри услови за живеење на жителите од овој дел на Скопје.

Меѓу другото, со директорот на НДИ, Хеншоу, се разговараше и за начините на кои локалната самоуправа може да помогне во повторното отворање на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните од страна на Собранието на Република Македонија. Уште една тема на која беше ставен фокусот беше имплентирањето на родовата перспектива во работата на Општина Кисела Вода.

Во оваа насока, како што информираше градоначалникот Темелковски, во тек е обука на административните службеници за родова еднаквост.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on