Градоначалникот Темелковски ја проследи новогодишната претстава во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“

Од:

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски во придружба на секретарот Александар Алексовски во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ вчера ја проследи новогодишната претстава: „Сите наши срца чукаат во едно, најубавите новогодишни честитки ќе Ви ги испратиме заедно“.

Претставата со својот одличен настап ја збогатија и ја отворија дечињата од ПОУ „Д-р Златан Сремец“.

На овој настан пред големиот број присутни учениците од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ и од ПОУ „Д-р Златан Сремец“ изведоа повеќе ритмичко – музички точки преку кои ги покажаа своите способности.

Изведбите на точките децата ги подготвуваа со своите наставнички и негувателки. За успешна реализација на претставата голем број правни субејкти донираа новогодишни пакетчиња и други подароци.

ПОУ „Д-р Златан Сремец“ и ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ потпишаа меморандум за соработка во текот на 2019 година која ќе има за цел преку заедничките активности подигнување на јавната свест за децата со попреченост на територијата на општината и надвор од неа. Присутни на настанот беа и претставници на ПСОН Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ