Градоначалникот Таравари ја посети словенечката општина Љутомер – се иницира збратимување на двете општини

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на 28 февруари, престојуваше во Словенија, при што ја посетија општина Љутомер, каде што беше пречекан од страна на зам.градоначалникот, Боро Земљак.

Целта на оваа посета беше да се дознае повеќе за проекти кои се однесуваат на третман на отпадните води и управување со комунален отпад, како и да се искористи огромното искуство на Општина Љутомер во аплицирањето за ЕУ фондови.

Претставниците на двете општини се согласија средношколци од двата града да остварат меѓусебни посети.
Градоначалникот Таравари и заменик градоначалникот Земљак изразија интерес и за збратимување на двете општини, а се очекува наскоро да започнат и соодветните постапки.

Таравари и Земљак разменија подароци со градски симболи.

При посетата на словенечката општина Љутомер, градоначалникот Таравари го придружија шефот на неговиот кабинет, Сеадин Ејупи, раководителот на Канцеларијата за локален економски, Бесим Догани и професорот Абдулади Салмани кој воедно е и иницијатор на збратимувањето на Општина Гостивар со оваа словенечка општина.

Би можело да ве интересира

Уапсен e насилник кој ја истепа својата 28-годишна сопруга

Горан Наумовски

Кривична за маж од Гостивар кој и се заканувал на сопругата

Маж од Гостивар и се заканувал на сопругата со моторна пила дека ќе ја повреди

Горан Наумовски

Најдени гранати при ископ на канал пред Основен Суд Гостивар

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента