Градоначалникот Таравари го посети меѓународниот Универзитет ВИЗИОН во Гостивар

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари придружуван од раководителот на Секторот за образование, Аслиан Снопче портпаролот на општината Јасин Демири, го посетија Меѓународниот универзитет ВИЗИОН во Гостивар.

Делегацијата на Општина Гостивар ја пречека ректорот на универзитетот, проф. д-р Фадил Хоџа и академскиот кадар, кои ги запозна со условите и одвивањето на образовниот процес во оваа институција.

Таравари им честиташе на академскиот кадар за работата што ја прават и изрази подготвеност, постојната соработка меѓу Гостивар и Универзитетот ВИЗИОН да се продлабочи во иднина.

Ректорот Хоџа, му се заблагодари на градоначалникот Таравари за посетата и изрази пофални зборови за неговите заложби за подобрување на квалитетот на образованието во општина Гостивар.

На средбата се разговараше за проекти кои што двете институции би можеле заеднички да ги спроведат.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар