Градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани на посета во општина Гостивар

Од:

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, денес во неговиот кабинет го прими градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани.

Градоначалниците на двете соседни општини, зборуваа за актуелната сосотјба во општините со кои раководат и ги разгледаа модалитетите за спроведување на потребните реформи, со посебен акцент на соработката на ниво на Полошкиот регион.

„Ми претставува задоволство денес да го примам мојот близок пријател, со кого ќе разговараме за повеќе прашања. Како две соседни општини, Гостивар и Врапчиште имаат многу идентични проблеми, а некои од нив можат да се решат само заеднички. Би го спомнал,при оваа прилика, проблемот со управување на отпад, проблемкој што чекаме да се реши благодарение на поддршката од страна на Швајцарската амбасада, со коикако што е информирана јавноста,деновиве имав работна средба”, изјави за медиумите Таравари.

„Можам да кажам дека ова е моја прва официјална посета како градоначалник, и драго ми е што ја остварувам токму со еден мој близок пријател. Како што истакна и др. Таравари имаме многу заеднички прашања кои ги засегаат нашите граѓани. Општинатаја наследивсо долг од над 2,3 милиони евра, но се надевам дека со добро управување и отворена соработка ќе излеземе од оваа незавидна состојба”, рече Шабани.

Двајцата градоначалници рекоа дека вакви посети, планираат да остварат и со нивните колеги од другите општини и да се воспостави суштинска соработка нанивоа на Полошкиот плански регион.

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар