Градоначалникот на Валандово со сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина Бабиќ

Од:

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов денеска се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија Лепа Бабиќ.

На средбата, како што информира општина Валандово, градоначалникот ја информирал амбасадорката за предностите и долгорочните цели на општината, а се разговарало и за поврзаноста на двата народи во минатото и за можностите за продлабочување на односите во културата и економијата во иднина.

Покрај тоа било разговарано и за потенцијалното збратимување на општина Валандово со општина од Република Босна и Херцеговина.

Градоначалникот Костадинов ја информирал амбасадорката дека општина Валандово е пример за компактно функционирање на заедница со повеќе народности и верски определби.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот, за секое маало, за цело Валандово

Горан Наумовски

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“

Земјотресот во Валандово и околината

Во сообраќајка тешко повреден е возач