Градоначалникот на Охрид не го виде ниту Индиецот

Од:

Индискиот милијардер Субрата Рој не се виде со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, при неговата посета денеска на Охрид. Власта и овој пат не го покани таткото на градот исто како што се случи и при посетата на бизнис делегацијата од Катар пред еден месец.

Милијардерот Рој и претставници од неговата компанија „Сахара Индија Паривар“ направија кратка обиколка на Охрид, а ручаа во манастирскиот комплекс Свети Наум. Помина и низ локацијата предвидена за изградба на туристичката развојна зона во Охрид. Претохдно тие беа во посета и на Дојран.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески за А1 кажа дека резултатот од сето ова ќе биде сведен на нула.

„Од протоколот никој не побара средба со мене како и во претходниот случај. Затоа резултатот ќе им биде сведен на нула како и претходно. Не знаат, а не ги викаат тие што знаат. Да беше во Босилево или Василево сигурно ќе го викнеа градоначалникот“, рече Петрески.

Во владината делегација која му правеше друштво на Рој беа министрите за финансии и транспорт и врски, Зоран Ставревски и Миле Јанакиевски.

Владиниот портпарол Мартин Мартиновски за А1 кажа дека генерално идејата било Индиецот да се запознае со потенцијалите за инвестирање во Македонија, конкретно во Охрид и Дојран и со можностите кои ги нудат предвидените развојни туристички зони, и оти генерално не било предвидено средба со градоначлниците. Мартиновски не знаеше дали во Дојран, во делегацијата бил и градоначалникот на таа општина.

 

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион