Градоначалникот на Охрид на средба со претставници на граѓански организации

Од:

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска ја оствари својата прва работна средба со претставници на Здруженијата на граѓани од областа на спортот, културата и млади и со претставници на други невладини организации.

Првиот човек на градов пред присутните ја претстави својата визија и начинот за работа со здруженијата и организациите, а тие ги доставија своите предлози, иницијативи, програми и планови за работа за 2018 година. Се дискутираше и за можните решенија на проблемите со кои тие се соочуваат во текот на работењето.

На крајот на средбата беше заклучено дека дел од предложените активности на овие здруженија ќе бидат дел од програмите за работа на надлежните сектори при општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник