Градоначалникот на Крива Паланка се сретна со карикатуристот Дарко Дрљевиќ

Од:

Градоначалникот на Крива Паланка, Мицевски денес оствари средба со почесниот претседател на жири комисијата на Меѓународниот конкурс за карикатура (МКК), Дарко Дрљевиќ и aвторот и организатор на четвртиот Меѓународен конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“, Стојанче Величковски.

Дарко Дрљевиќ е првонаграден автор на последниот конкурс за карикатура од МКК „Невестинско Поклонение” и во негова чест беше организирана изложба во галерискиот простор на Кинотека на Македонија.
На средбата Дрљевиќ го пренесе задоволството од организацијата на изложбата во негова чест, од страна на организаторот на конкурсот, кој за кратко време од своето постоење, достигна висок рејтинг и репутација во светски рамки.

-Ние сме благодарни што преку ваквиот тип на креативни и културни активности, како што е овој конкурс, општината се афирмира и надвор од овие простори и затоа големо задоволство ќе ни претставува, во иднина општина Крива Паланка да биде организатор на изложба за нашите сограѓани од широкиот репертоар на богатото творештво на Дрљевиќ, истакна Мицевски.

Резултатите од годинашнито конкурс на тема „Пред (бракот) и потоа“, на кој пристигнаа вкупно 425 творби од 160 автори од 40 земји од светот ќе бидат објавени најдоцна до 25 февруари. Најдобрите дела ќе бидат наградени со прва награда „Трофеј Невестулка“, златен медалја и парична награда од 200 долари, втора награда – сребрен медалјон и 150 долари и трета награда – бронзен медалјон и 100 долари. Предвидени се и специјалнa награда, како и плакета за најдобра колекција.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски