Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) остро реагира на изјавата на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, дека општината нема законска надлежност да постапува за проблемот со говедата кои слободно се движат низ градот и околните села.

Од АХВ велат дека ваквиот став е неодговорен кон граѓаните и потсетуваат дека, согласно Законот за јавна чистота, контролата на јавните површини, вклучително и чувањето и напасувањето на крупен добиток, е во надлежност на општината.

„Митовски не може да се иззема од одговорност. Ако сакаше, проблемот можеше да биде решен и досега, самостојно или со институционална соработка“, наведуваат од Агенцијата.

Оттаму додаваат дека проблемот не е нов и дека не може да се реши преку ноќ, особено во услови кога, како што велат, недостига соработка од локалната власт.

„Говедата не се појавиле одеднаш, ниту може инстантно да се отстранат без координација со општината, која е подеднакво одговорна“, посочуваат од АХВ.

Агенцијата апелира до градоначалникот да започне да го почитува законот и да соработува со надлежните институции за трајно решавање на проблемот.

Во меѓувреме, од АХВ најавуваат дека ќе продолжат со активности за собирање на животните, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните населени места.

Би можело да ве интересира

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

ВИДЕО: Уапсен сопственикот на кравите кои прават пустош во Кривопаланечко

Катерина Ѓуровски

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски