Градоначалникот на Карпош, Јакимовски даруваше крв

Од:

Денес, во 10 часот во зградата на Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски даруваше крв, со што активно се вклучи во големата крводарителна акција која во последниве два дена ја организира Општина Карпош.

„Ова ми е 12-то дарување крв и навистина сум среќен што сум дел од ваквите хуманитарни акции. Оттаму ги повикувам сите граѓани од Карпош, од Скопје и пошироко, доколку се здрави да се вклучат во крводарителската акција бидејќи со тоа навистина можат да спасат нечиј живот.

– Ова посебно се однесува за оние кои се носители на поретките крвни групи, кои се и најбарани и најпотребни. Верувајте дека  после дарувањето никогаш не ми се влошила здраствената состојба, напротив“, изјави Јакимовски.

Би можело да ве интересира

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје