Градоначалникот на Делчево ја потпиша Европската повелба за родова рамноправност

Од:

Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски денеска ја потпиша Европската повелба за родова рамноправност, иницијатива на Советот на европските локални и регионални власти со што Општина Делчево се запиша во семејството на 1.450 потписнички од 33 европски земји поддржана од ЗЕЛС.

На чинот на потпишување на Повелбата во кабинетот на градоначалникот присуствуваа претставниците на женските активи при политичките партии кои функционираат во општината, членовите на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените, жените членки на Советот на Општината, пратенички во Собрание на РМ, жени пензионерки.

На средбата беа истакнати и проблемите и потребите кои ги имаат жените во Општината со цел да се предвидат идните активности кои ќе придонесат за поинтензивно учество на жените во развојот и унапредувањето на локалните правила на управување, а се со со цел подигнување на положбата на жената на едно повисоко ниво.

Градоначалникот Трајковски истакна дека еднаквоста меѓу мажите и жените претставува основно право за сите и суштинска вредност за секоја демократија.

-Со потпишувањето на Европската повелба за рамноправност на жените и мажите, формално и јавно се обврзуваме на принципот на еднаквост на мажите и жените, да ги имплементираме во рамките на нашата територија обврските утврдени со Повелбата со која европските локални и регионални власти се обврзуваат, користејќи ги своите потенцијали и партнерства, да остварат поголема еднаквост помеѓу луѓето. Тоа е практичен документ, бидејќи не само што ги пртетставува основните права, туку дава и конкретни методи кои може да бидат остварени во различни области од надлежност на локалната власт, истакна Трајковски.

Повелбата е преведена на 28 јазици и таа е единствен документ воспоставен во тесна соработка со националните асоцијации на Советот на европски општини и региони. Јулијана Крстева координаторка на Комисијата за еднакви можности при Општина Делчево истакна дека еден од приоритетите на КЕМ е токму денешниов настан-потпишување на Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните заедници.

– Ја користам оваа прилика да му оддадам признание и во Ваше име да се заблагиодарам на градоначалникот Трајковски кој отворено застана во заштита на правата на жените и со овој денешен чин, ја смести Општина Делчево во семејството на 1.450 потписнички на оваа Повелба која има историско значење за нас жените. Од голема важност е потпишувањето на Европската повелба денес,но уште поважно е понатаму општината да ги имплементира принципите и правилата за еднаквост во сите институции и организации на својата територија.Едно општество не може да напредува доколку жените во него се обесправени и пасивни, истакна Крстева.

На средбата беше формиран и иницијативен одбор за формирање на Организација на жени на ниво на Општина Делчево која ќе биде натпартиска и ќе ги обединува сите жени без поделби.

Со воведување на квотите од 40 проценти учество на помалку застапениот пол на листите за пратеници и членови на советот, значително се зголеми бројот на жени во Парламентот и советите на општините. Во Делчево бројот на жени во управувачките органи на локалните институции е 21 жена наспроти осум мажи. На раководни функции во општинските институции се назначени три жени наспроти четири мажи.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Николовски, Бочварски и Шукова од Делчево: Вложуваме во подобар живот на граѓаните, градиме модерна инфрастуктура, нов затворен пазар, а се гради и филтер станицата обезбедувајќи чиста вода за пиење на делчевци

Предраг Петровиќ

Повеќе населби во Делчево без електрична енергија