Градоначалникот на Дебар подготвен: Добро е да се прогласи карантин

Од:

Градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука, вели дека подготвени ја чекаат одлуката на Владата која денес треба да одлучи дали градот ќе биде ставен во карантин поради петте случаи на заразени со коронавирус, а можноста за карантин се разгледува и за Центар Жупа од каде има двајца заразени. Градоначалникот Дука вели дека состојбата во Дебар и во Центар Жупа е алармантна.

„Добро е да се прогласи карантин. Седум случаи на заразени се многу за една држава, а не, пак, за еден град. Не можам да кажам дека нема паника кај граѓаните, има, но ги почитуваме препораките од Владата. Седиме изолирани по дома, со семејствата. Граѓаните ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата и соработуваат. Ние направивме сè што е до човечкиот фактор да се направи за заштита од вирусот, за понатаму не знаеме“, вели градоначалникот Дука за „А1он“.

Тој извести дека во Дебар централната и локалната власт се обединиле и заеднички преземаат мерки. Како локална власт тие формирале Совет за итни случаи, направиле дезинфекција на улиците, а ќе се прави и на сите јавни простори. Многу фризерски салони, интернет-кафулиња и ресторани самоиницијативно прекинале со работа по препораките да го скратат работното време.

Владата попладнево треба да донесе одлука дали Дебар и Центар Жупа ќе бидат ставени под карантин откако го задолжи Министерството за здравство да испрати медициснки екипи со епидемиолог и инфектолог кои до крајот на денов треба да достават извештај за состојбата.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска