Градоначалникот на Дебар: 22 брисеви се земени од средата до сега, резултати има само за два

Од:

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со Општинскиот оперативен штаб за справување со коронавирусот, вели дека во изминативе четири дена од земени 22 брисеви за дијагностицирање на вирусот, резултат има само за два. Во градот и натаму трае кризната состојба која ја прогласи Владата.

„Од 22 брисеви за тестови земени од среда па до сега, имаме резултат само за два и тие се негативни. Безбедносната состојба во градот е добра. Во домашна изолација имаме помал број на жители, односно 98 лица. Барањата на транспортните фирми кои барале да вршат транспорт на стоки е одбиено од Владата, тие ќе мора да почекаат до 13 април, кога Дебар ќе се ослободи од карантинот“, рече Дука.

Тој посочи дека он-лајн наставата на училиштата почнала да се спроведува и покрај недостатоците, кои според него, се присутни.

„Епидемијата уште не е завршена. Треба да ги почитуваме мерките на Владата, а тоа е да седиме дома, да бидеме солидарни еден кон друг, да имаме надеж дека сме на крајот од справувањето со епидемијата“, додаде Дука.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска