Градоначалникот Мицевски оствари работна средба со министерот без ресор Аксел Ахмедовски

Од:

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес се сретна со Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

Средбата помина во работна атмосфера во која најпрвин градоначалникот Мицевски го запозна министерот без ресор, Ахмедовски со реалните состојби и положбата на ромската полуација во општината. Мицевски ги истакна и мерките и активностите, кои новата локална власт со ангажирање на сиот свој потенцијал, конкретно ги презема во насока на решавање на нивните проблеми во делот на вработувањето, социјалата, решавањето на комуналните проблеми, а особено го потенцираше значењето на образованието и превемањето на активности за решавањето на одредени затекнати состојби.

Министерот Ахмедовски истакна дека сите активности што министерството и Владата ги превземаат, се врз основа на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и ова е период во кој веќе се чувствуваат резултатите од првземените мерки и активности од страна на Кабинетот на министерот Ахмедовски.

Сосотојбите кои ги затекнав кога пред година дена кога дојдов на оваа позиција, не беа задоволителни и за жал многу малку се направи за Ромите во изминатата Декада на Ромите, затоа сега ја интензивираме имплементацијата на нашата стратегија и превземаме конкретни активности за подобрување и унапредување на затечените состојби. Акцентот на работењето на Кабинет е ставен најмногу на прашањата со домувањето, вработувањето,образованието , здавството и првичните наши резултати од активностите кои годинава ги превземаме се забележителни и јавно презентирани пред јавноста и секако планираме и подобрување на сите досегашни активности, рече Ахмедовски.

На крајот беше заклучено дека со зајакната соработка помегу националната и локалната власт ќе се овозможат конкретни резултати за подобрување на Ромската заедница.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски