Градоначалникот Мицевски го угости својот колега од општина Самбервил од Белгија

Од:

Делегација на збратимената општина Самбервил од Белгија, предводена од градоначалникот Жан-Шарл Луперто и Никол Думонт, советник за култура и фолклор, денеска оствари прва официјална средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Средбата беше во знак на поддршка и пријателство за градоначалникот Мицевски, како и честитки за мандатот и постигнатиот успех на локалните избори.

Досегашната соработка помеѓу двете општини воглавно се одвиваше на полето на културна размена, а сега и нашите напори ќе бидат во насока на изнаоѓање на можности и услови за приближување на интересите и во други области, пред се на економски план, изјави Жан Чарлс Луперто.

Градоначалникот Мицевски се заблагодари за четитките и за досегашната соработка и пријателство и изјави дека општината и тој како градоначалник, ќе настојува ова ниво на соработка да го унапреди, користејќи ги пред се можностите и ресурсите, кои ги нуди ЕУ преку соодветни програми, како за локална, така и за регионална соработка, а воедно предложи и конкретни активности во насока на организирање на првични работни средби со бизнис заедницата на локално ниво и можности за инволвирање и на стопанските комори на национално и регионално ниво.

Соработка помеѓу двете општини е воспоставена во јуни 2011 година благодарение на иницијативата за збратимување што ја покренал кривопаланечкиот иселеник Илија Величковски и неговото семејство, кој долги години живеат и работат во овој град, по што од страна на локалните власти на Самбервил веднаш била упатена покана за збратимување и посета на белгискиот град, оддалечен само 50-тина километри од Брисел.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи државата и ја заборави Крива Паланка

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори