Градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски злоупотреби, побараа антикорупционерите

Од:

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница. Освен градоначалникот Мерко, антикорупционерите сметаат дека кривична одговорност треба да се побара и од претседателот на Кривичниот суд во Струга кој дозволил буџетот на Општината да биде 50 милиони денари иако е меѓу најзадолжените во државата.

Финансиските малверзации на градоначалникот Мерко биле потврдени во истрагата на Државната комисија за спречување корупција, а истите се нотирани и во истрага на државните ревизори.

Антикорупциската комисија извести дека во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од 2018 година се оформени три предмети за работењето на градоначалникот Мерко. Меѓу нив се набавката на луксузниот „ауди а 6“ за 70.000 евра и предметот за бесправна продажба на објект.

Би можело да ве интересира

МВР најави кривична за шверцер на брендирана облека

Почна судењето против Мерко за поставената спомен плоча на влезот на Општина Струга

А1он

МВР: Кривична за началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје

Мерко побара изземање на судијката Надица Митреска која му суди за незаконската набавка на автомобил

Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен

Горан Наумовски

Факултетот за здравствени науки на Мерко нема да почне со работа- Одборот за акредитација бара да се исполнат законските услови

Предраг Петровиќ