Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Од:

По пожарот кој денеска попладне повторно избувна во Пехчево, градоначалникот Александар Китански вечерва излезе со соопштение од Кризниот Штаб со кое апелира сите доброволци да се вклучат во гаснењето на пожарот.

-Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се се уште активни! Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со себе да понесат лопати, истакна Китански во пренесениот апел од Кризниот Штаб.

Најстрого, како што додаде, се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот.

Пожарот денеска попладне избувна кај месноста Јудови Ливади, а истиот како што информираа медиумите е забележлив и од бугарска страна. На терен попладнето излегоа екипи на ДПД „Пехчево“, вработени во ТППЕ Берово, ЈПШС „Равна Река” Пехчево.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје