Градоначалникот Јованоски присуствуваше на 15 години ЗВРО

Од:

Здружението на воени резервни обврзници (ЗВРО) учесници во конфликтот 2001/2002 денеска одбележа 15 години постоење. По тој повод членовите на ЗВРО и градоначалникот Илија Јованоски го посетија Меморијалниот центар во село Лениште. Со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во конфликтот и на починатите бранители по конфликтот. Пред спомен плочата положија свежи цвеќиња и засадија 15 зимзелени дрвја во чест на 15 годишното постоење на здружението.

„Поводот за денешната средба е 15 годишнината од формирањето на Здружението на воени резервни обврзници, учесници во конфликтот 2001/2002. Симболиката на 15 -те зимзелени дрвја што ги засадуваме денеска се – 15 години од формирањето на здружението, прво по воениот конфликт. А,овој Меморијален центар претставува место близу до црквата „Света Петка“ на кое имаме засадено симболично 5.000 илјади дрвја, што зборуваат за 5.000 бранители од Прилеп, коишто се отповикаа на поканата да го бранат суверенитетот и интегритетот на Република Македонија“, рече Рубин Секулоски, претседател на ЗВРО.

Градоначалникот Јованоски во оваа пригода, рече дека почитта и споменот на жртвите во воениот конфликт, останува засекогаш.

„Ги поздравувам бранителите од нашиот град, да им ја честитам годишнината. Сакам да им честитам 12-годишното постоење на Меморијалниот центар направен од нив, да не се заборави 2001 година, тие поминати 16 години од конфликтот во 2001. Да се сеќаваат на нивните семејства, на граѓаните и на сè што се случило тогаш. Уште еднаш им честитам за нивниот напор да го одржат ова здружение. Иако имало притисоци, се јавувале нови здруженија коишто им биле пречка во нивното дејствување, тие секогаш позитивно влијаеле врз настаните во државата“, рече градоначалникот Јованоски.

Тој ги посети бранителите од ЗВРО и во нивните простории, каде што разговараа за проблемите со коишто се соочуваат. Градоначалникот им даде поддршка во нивните активности и планови.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски