Градоначалникот Јованоски го посети Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Од:

По повод новогодишните празници градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талески и пратеникот во Собранието на Р. Македонија Хари Локвенец, денеска го посетија Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Јованоски на родителите и дечињата кои го посетуваат овој центар им ги честиташе претстојните празници и им подари новогодишни пакетчиња.

Центарот „Порака“ постои веќе 51 година, а 3 години функционира и како социјален клуб во просториите на старата општинска зграда. Него го посетуваат 20 лица со посебни потреби кои имаат над 18 години.

На средбата беше разговарано и за можноста во најскоро време Општина Прилеп на ова здружение да му обезбеди поголем простор за да можат негода го посетуваат уште плус 40 лица со посебни потреби.

Советникот во Советот на Општина Прилеп, Еленче Ташкоска, денеска ги посети посебните паралелки во ООУ „Климент Охридски“ на кои им ги честиташе празниците, а во име на Општина Прилеп на дечињата им беа поделени новогодишни пакетчиња.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница