Градоначалникот Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ со нов мандат во Гевгелија

Од:

Актуелниот градоначалник на општина Гевгелија, Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и во наредните четири години ќе раководи со општината.

На вчерашните локални избори, според резултатите од Општинската изборна комисија, од вкупно 16.305 избирачи колку што излегле на гласање на 35-те избирачки места во општината, довербата на Франгов му ја дале 8.722 гласачи.

За кандидатот Саве Марачков од коалицијата „Сојуз за иднината“ гласале 6.467 граѓани, за Петар Ефтимов од СДУ 184 и за Јован Платански од СДП 184 гласачи.

Според добиените гласови за советничките листи, новиот општински совет ќе го сочинуваат 11 советници од коалицијата „За подобра Македонија“ и осум од коалицијата „Сојуз за иднината“.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?