Градоначалникот Герасимовски потпиша меморандум со УСАИД за подобро буџетирање на општината

Од:

Денес, во рамките на настанот „Партнерство за поефикасни општини“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и УСАИД потпишаа Меморандум за соработка преку кој се обврзаа за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локалните власти за планирање, управување и реализација на средствата од буџетот.

„Општина Центар, како централна и урбана општина во нашата држава посебен акцент става на унапредувањето на политиките преку јакнење на капацитетите. Токму затоа од особено значење ни се соработката и поддршката од меѓународните организации и институции. Од потпишувањето на овој Меморандум очекувам исклучителни придобивки во делот на подобрувањето на нашиот капацитет за управување со јавните финансии и поголем пристап до домашните и меѓународните ресурси“, изјави Герасимовски.

Настанот опфати и презентација на искуства од првата група партнер-општини. Свои обраќања имaa и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и министерот за финансии Фатмир Бесими, кои меѓу другото се заблагодарија и за поддршката од Владата на САД во евроатлантските процеси и напорите на земјата за намалување на корупцијата и јакнење на ефективноста и транспарентноста на властите Општина Центар е дел од третата група партнер-општини и во наредните 18 месеци ќе биде вклучена во Програмата за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. соопштува Општината.

Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (2021-2026) што им помага на владините институции во Северна Македонија да ги обезбедат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани. За да ја постигне оваа цел, Проектот тесно соработува со Министерството за финансии и Министерството за локална самоуправа и има буџет од 6,5 милиони американски долари.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он