Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со директорот на јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007” и со претставници од здружението на граѓани БА-ТУ-ТА спорт, учествуваа во големата акција за чистење во населето место Кирил Петрушевски, Вардариште. Активно се вклучија и граѓани и заеднички на неколку локации се чистеа мини депонии, се собираа отпадоци, беа поставени корпи за отпадоци а се сечеа и суви гранки.
Целта на акцијата, според Георгиевски е сите заедно да придонесеме животната средина каде што живееме да биде почиста и поубава, но дека и граѓаните ќе мора поодговорно да водат грижа за да се задржи хигиената на местата околу нас.
Од граѓанското здружение БА-ТУ-ТА велат дека и натаму ќе дадат свој придонес во ваков тип на акции преку кои освен што ќе влијаат за зачувување на чистата околина, ќе се подигне и свеста кај граѓаните за нејзино одржување.
Градоначалникот на општина Гази Баба посочи дека ова е само една од акциите кои локалната самоуправа ќе ги реализира за зачувување на чистата средина. Во текот на наредните денови, според него ќе бидат спроведени и други акции кои значително ќе придонесат за чиста и здрава животна средина.