Градоначалникот Филип Темелковски ја поддржа работилницата за „Локално активно вклучување на младите во институциите“ – ЛАВМИ

Од:

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски им даде поддршка на организаторите за реализацијата на вчерашната работилница за „Локално активно вклучување на младите во институциите“.

Имено, вчера во просториите на Општина Кисела Вода, во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и Агенцијата за млади и спорт се одржа работилница за „Локално активно вклучување на младите во институциите“ – ЛАВМИ.

На оваа работилница која стартуваше од Општина Кисела Вода присуствуваше градоначалникот Филип Темелковски, кој ја поздрави реализацијата на истата и на организаторите, како и на присутните им посака успех во понатамошната работа.
Покрај градоначалникот, на овој настан присутна беше и Александра Дичевска, претставник од Агенција за млади и спорт, која објасни за улогата и проектите за млади на Агенцијата.

Учесниците дискутираа за целта на проектот, односно одвојување на терминот политика и партија. Додека, младите советници од Општина Кисела Вода ја образложија работата на Советот и процесот на донесување политики во локалната самоуправа.

-Институтот Охрид веќе 8 години вложува во градењето на капацитетите на младите лидери и идните носители на одлуки и само преку постојан дијалог и развивање на вештините и знаењата на младите лидери ќе создадеме лидери кои ќе се однесуваат одговорно, принципиелно и мудро. ЛАВМИ ќе им овозможи на учесниците одлична можност да се стекнат со вештини за создавање и пишување предлог-проекти, а истовремено ќе стекнат и повеќе знаење за процесот на креирање политики за млади – истакна Билјана Јанева, директорка на институт Охрид.

На крајот, младите учесници ги идентификуваа проблемите со кои што се соочуваат на локално ниво и кои тие би сакале да бидат решени. Воедно, во периодот што следи вакви работилници ќе се оддржат и во шест скопски општини: Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош и Центар.

Општина Кисела Вода ќе продолжи да дава поддршка на сите проекти кои ќе имаат за цел да придонесат за подобра иднина на сите граѓани во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода