Градоначалникот Димитриевски: Да се прогласи кризна состојба во Куманово, а градот да биде во изолација

Од:

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски по новонастаната состојба со заболените медицински работници, но како што вели и со зголемувањето на бројот на новозаболени граѓани од коронавирусот бара владата да донесе одлука за прогласување на кризна состојба на територијата на Куманово и целосна изолација (карантин) на градот.

„ Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со состојабата со Ковид-19 на денешниот состанок доенсе заклучоци со кои бараме, градот да се стави под посебен режим, движењето на граѓаните да се сведе на минимум, да се воведат поригорозни мерки и да се прогласи кризна состојба на територијата на градот. Ова го бараме уште од 22 март кога започна кризата со ширењто на вирусот и се уште стоиме на истите барања. Евидентно е дека бројката на заразени постојано расте и имаме граѓани со смртни последици и затоа е неопходно да се донесат овие мерки“, изјави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Димитривски вели во овие кризни моменти потребна му е помош на Куманово и на здравствениот систем со персонал и бара надлежните да излезат во пресрет на градот за да се справи со состојбата со коронавирусот.

„Видно сме загрижени за здравствените рабоници и затоа апелираме да се зајакнат капацитетите на здравствениот систем, за да може тој непречено да работи и функционира во услови кога се бориме со кризата со коронавурсот. До граѓаните порачувам да останат мирни, да не ги обезема паника и да се придржуваат до мерките на штабот и владата, а секое излегување надвор да го сведат на нужен минимум во интерес на нивното здравје и заедничката безбедност“, додава Димитриевски.

Од Општината додават дека секојдневно во градот се врши дезинфекција на институциите, улиците, булеварите и јавно прометните површини.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и опстане

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон