Градоначалникот Богоев се сретна со унгарскиот амбасадор Дукс

Од:

Актуелните случувања во општина Карпош и предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа беа темите за кои денеска разговараа градоначалникот Стефан Богоев и унгарскиот амбасадор во Македонија Ласло Дукс.

На средбата, како што информира општина Карпош, амбасадорот Дукс ги претстави особеностите на локалната самоуправа на Унгарија и организираноста на главниот град, Будимпешта.

Амбасадорот Дукс напомена дека може да се иницира вмрежување и соработка меѓу бизнис заедницата од Карпош со бизнис секторот од некоја од општините во Унгарија.

Богоев посочи дека Карпош има и индустриска зона (Момин Поток), каде функционираат повеќе компании што може да се потенцијални партнери за соработка со унгарски инвеститори.

Дукс и Богоев разговарале и за унапредување на соработката во областа на културата, за вклучување на уметници од Унгарија во програмата на „Карпошовото културно лето“, кое се организира во втората половина на август.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски